Мицкоски: На локалните избори ќе докажеме дека може и поинаку
Во гостувањето на Дневникот на Сител Телевизија, претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски зборуваше за листата на кандидати за градоначалници со кои ќе излезе ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори.
Запрашан за изборот на професорката Котлар за за кандидат во општина Центар, тој нагласи дека не мора да биде човек кој што има свое портфолио на ВМРО-ДПМНЕ, туку целта на партијата е да излезе со кандидат кој што ќе го победи СДСМ и Зоран Заев. „Нашата цел е да ја ослободиме државата од ова лошо политичко раководење под палката на СДСМ и ДУИ“, изјави тој.
Што се однесува на коалицирање со други политички партии, вклучувајќи ја и Левица, тој рече: „Ако Левица сака да делува опозициски и да ја поразиме оваа неспособна владеачка гарнитура нека се приклучат кон овој опозициски фронт”.