Состојба со КОВИД-19
Според податоците добиени од Центарот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19. Пријавено е едно починато лице во болнички услови.
Микробиологот д-р Никола Пановски за Телма ТВ изјави дека до крајот на август треба да очекуваме бројките да бидат и по 1500 заболени на ден, затоа што не се превземени апсолутно никакви заштини и превентивни мерки. Како пример тој ги наведува собирите на затворено заради топлото време, што му доаѓа исто како и собирите во време на зимски услови. Исто така и влезот и излезот во државата без никаква контрола и задолжителен карантин, свадбените веселби, чии резултати ги гледаме деновиве, особено на територијата на град Тетово и Скопје.