Државната изборна комисија го издаде роковникот за локалните избори

На денешната седница ДИК го утврди следниот роковник за извршување на изборните дејствија за претстојните локални избори.

Локалните избори за градоначалници и членови на советите на општините ќе се одржат на 17 октомври 2021.

Листите на кандидати се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на предлагачите најдоцна до 11 септември до 24 часот.

Изборната кампања започнува на 27 септември од 00.00 часот и трае до 15 октомври до 24 часот, кога настапува предизборен молк.

Ждрепката за редослед на кандидатите на гласачкото ливче ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 23 септември, кога и со претставниците на подносителите на листите ќе се потпише и изборниот кодекс за фер и демократски избори.

Увид во избирачкиот список граѓаните ќе имаат од 21 август па се до 9 септември.

Болните и изнемоштени лица кои гласаат ден пред изборите треба да се пријават најдоцна 7 дена пред изборите, а пријавувањето на набљудувачите треба да се изврши заклучно со 6 октомври.

Новина на овие избори е што за прв пат ќе се воведе и електронска идентификација на гласачите со отпечаток од прст.