Повисоки плати или бојкот на наставата од септември

Наставничкиот пленум ги извести министерката Мила Царовска и двата синдиката во образованието, СОНК и НСОН, дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование или во спротивно ќе се соочат на бојкот на наставата во новата 2021/22 учебна година.

Ова барање го засноваат врз секојдневниот раст на цените на производите, како и растот на просечната плата во Република Македонија. Исто така тие бараат и поддршка за бојкотот од двата синдиката заради штитење и унапредување на правата на вработените во образованието.

Останува да почекаме и да ги видиме следните чекори на министерството за образование и наука и претставниците на синдикатите.