„Саси вода“ за разладување и намалување на стомакот

Саси вода, наречена по Синтија Сас

Саси водата го има добиено своето име во чест на нејзината пронаоѓачка Синтија Сас, која ја создаде истата за програмата „Исхрана со рамен стомак“. Тоа е вода со „вибрација“ и има многу подобар вкус од обичната вода. Покрај тоа што нема скоро никакви калории, содржината на ѓумбир всушност помага да се смири дигестивниот систем.

Правењето Саси вода во домашни услови е лесно и може да ја конзумираат сите членови на семејството.

Состојки:

     2 литри  свежа вода (користете квалитетна вода, филтрирана ако е потребно)

     1 лажичка свеж ѓумбир, рендан

     1 средна краставица, излупена и исечена на тенки парчиња

     1 среден лимон, исечен на тенки парчиња

     12 свежи лисја од нане

Постапка:

Краставицата и лимонот се мијат добро пред да се исечат на парчиња, исто и листовите свежо нане, ѓумбирот се ренда и сите состојки се ставаат во садот полн со два литра вода. Се покрива садот и се остава во фрижидер да отстои преку ноќ за да водата ги впие вкусовите од состојките.

Уживајте во овој освежувачки пијалок, кој може само да му помогне на важиот организам во овие врели летни денови.