Одлично се справуваме со кризата?!
Србија ни испрати хелихоптери, Словенија и Грција се понудија да испратат помош оти нашите не можеле да летаат над температура од 37 степени или беше во ноќни услови??? Авионите „дремат“ и чекаат тендери, а пилотите што беа обучени да ги управуваат се прераспределени на други работни места затоа таа единица е растурена.
Се купуваат општински возила за градоначалниците, а никако да се обнови возниот парк на противпожарните единици низ цела Македонија. Кочани се пеплоса, Старо Нагоричане исто, сега граничниот премин Богородица гори, а никако некој да превземе одговорност. Топката се префрла од една на друга страна, а народот е оставен сам на себе да се справува со огнените стихии.
Политичарите битно се појавија на лице место и се сликаа и ветија. Едни ветија одговорност ќе има, други се фалат дека одлично се справуваат со кризната состојба!
Ова се дел од коментарите на граѓаните кои денес можеа да се прочитаат на социјалните мрежи.