Живот со туристи на 42+
Во овие врели денови, со температури незапаметено високи за овој период од годината, сите бараат место повеќе во туристичките места во Македонија. Но сепак, најпосетен од сите е Охрид.
Но како е да се живее во градот полн со туристи, дали сè функционира нормално?
Охриѓани не се жалат, велат дека македонскиот бисер така и го личи, со многу туристи, раздвиженост 24 часа, со Охридско Лето, Охрид Колинг, Аларм Фест и секојдневни, постојани журки на секој чекор, во секое кафуле, плажа, ресторант. Потежок е и пристапот до плажите, каде што тие самите тврдат дека колоните со автомобили достигаат и по неколку километри за да се успее да се отиде на плажа во Градиште.
Но, она што најмногу пречи, не само на жителите на Охрид, туку и на секој совесен граѓанин, е ѓубрето кое останува после секоја журка, кое како што можете да процените и сами од фотографијата, се фрла и во езерото. Совеста за зачувување на животната средина сепак ни е на ниско ниво… или нивото на алкохол во крвта е премногу високо кај некои туристи.