Додека короната беснее во соседството, Филипче контрадикторен има рестриктивни мерки за корона, а отвора граници
Додека короната беснее во соседството, владата на СДСМ на вчерашна седница донесе одлука странските државјани од Република Србија, Република Косово, Република Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен RT PCR SARS CoV-2 тест да им биде овозможен непречен влез во нашата држава од 12-ти октомври. Во време кога бројките на новозаразени и починати секојдневно рапидно се зголемува во целиот регион, дури некои соседни земји понеделникот го прогласија за “црн понеделник”, нашата земја се отвори за влез на туристи. Владата оваа одлука ја донесе во консултации со Министерството за здравство кое пак, во исто време најави зголемување на рестриктивните мерки за заштита на граѓаните од Ковид19.
Вчерашната несериозна одлука на владата, според многу здравствени работници се коси со одлуката на министерот Венко Филипче кој најави затегнување на рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот. Тој изјави дека Комисијата за заразни болести предложила нови мерки и информираше дека станува збор пред се за забрана за гостување на пејачи во угостителските објекти, како и ограничување на висината на децибелите, потоа гостите да седат на поголема дистанца и бројот на луѓе кои можат да седат на една маса да се намали од 12 на четири луѓе. Филипче исто така пред два дена изјави дека освен скратување на времето на работа, се разгледувале и рестриктивни мерки за целосна забрана на јавни собири, како и носење на маски на отворено. Министерот Филипче потврди дека и целосна забрана на јавни собири е мерка која се разгледувала.
Контрадикторно е владата да отвора граници и тоа без проверка на патниците кои влегуваат во државата дали се позитивни или негативни на короната, а во исто време да ги затегнува здравствените мерки заради заштита на здравјето на граѓаните. Несериозноста на владата и паушалните одлуки кои ги носи во “не-координација” со минстерството за здравство, само дополнително ја зголемува здравствената криза со корона вирусот во земјава и наскоро по 12-ти октомври, отакако ќе се отворат границите ќе настане хаос.