Охридското Езеро над дозволениот минимум, Преспанското под нивото
Охридското Езеро е над дозволениот минимум, додека Преспанското Езеро е под апсолутниот минимум, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Податоците од УХРМ покажуваат дека водостојот на Охридското езеро е три сантиметри над дозволениот минимум, додека нивото на Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.
Кај дел од реките се бележи благо зголемување на водостојот во однос на вчерашниот ден, но сепак нивото е пониско во споредба со октомврискиот просек. (МИА)