Заев негираше дека имал имот надвор од Македонија, но не и неговото семејство, за кое цел Балкан знае дека поседуваат хациенди
Македонскиот премиер Зоран Заев вчера, но и на неколку наврати во последниве години негираше дека поседува имот надвор од Македонија, но кога станува збор за неговата фамилија тој велеше „ќе ги прашате нив“, иако речиси цел Балкан известува дека Заеви поседуваат огромен имот во Грција.
Во однос на фирмите кои ги поседува фамилијата Заеви, премиерот Зоран Заев во 2014 година ќе каже „Се гордеам со моето семејство. Тоа се фирми на мои први братучеди, втори братучеди и подалечни роднини, јас се гордеам со овие мои роднини кои му пркосат на времето“.
Додека пак на поставено новинарско прашање на прес конференција Зоран Заев во 2015 година во однос на неговиот имот и имотот на фамилијата Заеви одговори „Јас немам имот надвор од државата. За имотот на моите роднини нив ќе ги прашате“.
Заев на прашањето зошто ја премолчува хациендата во Грција одговара дека во Грција нема имот, ниту пак било каде надвор од Македонија и се што има е во Република Македонија.
Тој иако тогаш потенцираше дека не поседува имот надвор од Македонија, после неколку години излегоа во јавноста податоци за неколкуте фирми кои семејството Заеви ги поседува само во соседна Бугарија како: „Радиша Трејд“, „Ориент Груп“ , „Гомасидра“, „Медикал 420 БГ“ како и „Фарма ЕУ БГ“, за кои имаше шпекулирања дека стојат потписите на братучедите на Заев регистрирани во Петрич, Бугарија. Конкретно братучедот Бобан Заев за кого постојат сомневања дека е сопственик на голема куќа на грчкиот брег, кој што во 2013 година беше своевремено осуден за затајување на данок.
Вчера бугарските портали „Биг 5 БГ“ како и „Афера БГ“ објавија фотографии од како што наведуваат новата куќа на македонскиот премиер Зоран Заев на Халкидики. Во текстот тие наведуваат дека освен фамилијата Заеви, македонски, косовски и политичари од Бугарија ја посетуваат новата палата.
Медиумите во Бугарија потсетуваат дека во 2018 година дел од медиумите од соседството известувале дека Заев поседувал вила во Неа Мудања, како и дека секое лето дел од одморот го поминувал во 300-те квадратни метри вила на плажа која проценуваат дека чини околу 300 илјади евра, како и тоа дека вилата е во сопственост на компанија од неговиот брат -Вице Заев.
Од приложените фотографии новиот имот на фамилијата Заеви се четири огромни објекти, на самиот крај на првиот крак Касандра на грчкото крајбрежје, како и дека за разлика од вилата во Неа Мудања, новата хациенда е многу полуксузна и многу поголема, има приватен базен и е сместена на самата плажа.
Денеска повторно излегоа фотографии на социјалните мрежи за кои граѓаните велат дека додека тие скенираат сметки и чекаат ваучери од 6000 денари македонскиот премиер и неговата фамилија уживале во раскош и сомнителни имоти.
Владата вчеравечер излезе со соопштение дека премиерот Зоран Заев не поседува вила на грчкото приморје, како и тоа дека информациите на медиумите се лажни. Но, од Владата не негираа дека посочениот имот можеби припаѓа на фамилијата Заеви.
Заев кој претходно велеше дека нема имот надвор од Македонија, но подоцна испадна дека има тон фирми во Бугарија, сега пак повторно негира дека не поседува имот во Грција, но не и неговото семејство и фамилијата Заеви, имот за кој впрочем никој не знае од каде потекнува.
Се чини дека целото соседство знае дека Заеви поседуваат огромен имот кој никој не знае колку точно чини, ниту пак македонскиот премиер некогаш се огласи да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на имотот на неговата фамилија, за која кажуваше дека законски ги добивале милионите евра државни тендери.