Владата троши пари кои народот мора да ги врати

Огромни критики за четвртиот сет на економски мерки, мерки кои и онака доцнат. Економистите сметаат дека и претходните пакет мерки не беа добри, ниту добро таргетирани.  Дополнително коментираат дека не само што не се доволни тие во голем дел беа и задоцнети со што дополнително се нанесе штета на економијата.

Според информациите помпезно најавуваниот трет пакет на мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра односно не цели 13% реализација. Опозицијата сега и тогаш изјавуваше дека и тоа е  за предизборен поткуп на населението кое што владата го прави.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана  Димитиреска- Кочоска на прес-конференција денеска кажа дека  изостанала  поддршката на фирмите за вработените во претходниот период  и дека токму 4 пакет на мерки е доказ дека истата не била реализирана со третиот пакет мерки. Таа истакна дека тоа е  доказ дека на оваа влада функциите и фотељите им се поважни од спасување на македонската економија и дека правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата.

Според неа, потребни се мерки кои не треба да бидат ад хок мерки, туку мерки кои ќе имаат долготрајно и системско значење.

-Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет на мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра односно не цели 13% реализација и тоа за предизборен поткуп на населението кое што владата многу сакаше да го помогне, за да месец дена по избори го опустоши со растот на цената на електричната енергија кој што е висок трошок за секое македонско семејство. Изостана поддршката на фирмите за вработените и токму 4 пакет на мерки е доказ дека истата не беше реализирана со третиот пакет мерки и доказ дека на оваа влада функциите и фотељите им беа поважни од спасување на македонската економија, кажа Димитриеска – Кочоска.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше веднаш по промовирањето на 4 сет на мерки излезе на прес – конференција и посочи дека  4 сет на мерки од владата е само очаен  обид за спас и дека сериозно ќе ја продлабочи економската криза во државата.

-Четвртиот пакет на мерки на мафијата во владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа.Четвртиот пакет практично не само што е задоцнет, не само што нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба која што е во државата потенцираше Мицкоски.

Она што е важно е дека државата континуирано се задолжува за да троши пари, на како што смета  експертската јавност,  популистички мерки и мерки кои се еднократни и немаат долгорочен ефект врз економијата што ќе  значи потреба од  повторно задолжување на македонските граѓани. Но, она што е најсерозно според економистите е дека владата на СДСМ воопшто не крати на непродуктивните трошоци додека реализацијата на капиталните расходи е енормоно ниска, односно само 126 милиони евра заклучно со месец август.  Инаку, кога почна КОВИД -19  пандемијата владата  се задолжи за 700 милиони евра од евро обврзница со каматна стапка  од 3,675% . Има низа на дилеми колку добро беа искористени позајмените средства и дали и помогнаа на економијата ако се земат во предвид податоците дека Македонија бележи 40 илјади невработени за 5 месеци и минус речиси 13% намалување на бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал.