Шилегов ќе сади цвеќиња од 400 илјади евра
Во време кога државата се соочува со корона пандемија и со сериозна економска криза градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов одлучил да троши пари за цвеќиња и тоа, 400 илјади евра. На официјалната страна на Бирото за јавни набавки објавен е оглас од страна на град Скопје во вредност од 400 илјади евра, односно 21.186.440 денари без ДДВ за набавка на садници.
Шилегов не само што е познат по неговото неработење, исто така е познат по огромни скандали и трошење на народните пари за се само не за она што има е потребно на скопјани.
Така Шилегов го тресеа скандали за склучен договори со фирма за чистење снег кога воопшто лани немаше заврнато снег. Имено, 64.900.000,00 денари е договорот кој Шилегов го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 ноември до 15т март за 2019 и 2020, покажуваат документите до кои стигна порталот „Економски Лидер“.
Шилегов беше критикуван за непотребно и ненаменско трошење на народни пари во 2019 година за ангажирање на пејачот Дино Мерлин за новогодишната прослава во износ од 100.000 евра и 300.000 евра за новогодишното китење на градот. Тогаш советничката група на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и огромен број на граѓани бараа тие пари да бидат пренаменети за канализација и водовод и за мерки против загадениот воздух но тоа не се случи.
Она што е интересно е дека Шилегов и покрај сите критики и оваа година реши да троши 200.000 евра за осветлување на градот.
Инаку, во документацијата која е објавена стои дека сумата од 200.000 евра е без ДДВ, како и дека новогодишното украсување на градот треба да биде на високо естетско ниво, во духот на модерното време на живеење, со современ и атрактивен дизајн, уметнички и ликовни ефекти.
Ова и уште многу други случаи покажуваат дека Шилегов воопшто не се грижи за народните пари ниту пак ги троши наменски за да се подобри животот на граѓаните во град Скопје а тоа е она што го ветуваше пред да стане градоначалник.