Филипче ја турна болницата „8-ми Септември“ во финансиски колапс, каде ќе се лекуваат граѓаните?
Како надлежните ќе се справат со вториот бран на КОВИД-19? Кој ќе ги лечи граѓаните од вирусот ако е извисен првиот КОВИД центар во Македонија? ГОБ „8-ми Септември се наоѓа пред финансиски колапс. ФЗОМ должи пари на Градската болница „8-ми Септември“. Информација која од вчера е актуелна по медиумите. Очигледно е дека сега пациентите кои се лекуваат во Градската општа болнива „8-ми Септември“се на милост и немилост на министерот за здравство Венко Филипче. Градската болница која до вчера ги лекуваше граѓаните од КОВИД-19, денес нема пари да ги набави ниту основните материјали кои се потребни за секојдневно функционирање на болницата.
Директорот на Градска болница, Христијан Костов потврди дека се наоѓаат пред финансиски колапс, а ФЗОМ и министерот Филипче не сакаат да излезат во пресрет и да ги исплатат парите што и ги должат на болницата.
-Успеавме да излекуваме голем број на пациенти кои беа на асистирана механичка инванзивна вентилација. Будно ги следевме сите промени во протоколите за лекување на КОВИД-19 и се стремевме веднаш да ги спроведеме. Први во државата воведовме и нови третмани како што се озон-терапија, која даде солидни резултати во лекувањето пациенти заболени од КОВИД-19, рече д-р Костов при настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8-ми Септември“.
БОЛНИЦАТА ОСТАВЕНА САМА ДА СЕ СНАОЃА
-Над 12.000 прегледи на болни од KОВИД-19 и над 2.000 излекувани и починати пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот КОВИД центар во земјава. Шест месеци болницата сама набавувала скапи терапии со антибитоци, правела илајдници снимки, а сега не е во можност да ги набави ниту основите материјали за нормално функционирање“, изјави директорот на „8-ми Септември, Христијан Костов за телевизија Телма.
Ниту еден пациент кој што бил заразен од вирусот нема платено за лекувањето, бидејќи тоа според министерот и Фондот за здравствено осигурување го покривало. Сите трошоци околу самото лекување на пациентите падна на товарот на буџетот на самата болница. Фактурите од лекувањето на пациентите во овој КОВИД центар се испратени до ФЗОМ, и се надева директорот дека во најскоро време ќе се исплатат средствата, бидејќи без тие средства болницата нема да може нормално да функционира. Директорот на болницата потсети дека имале финансиски годишен план, пандемијата го изела буџетот. Директорот бил приморан да ја отвори болницата за редовни пациенти кои подлежат на партиципација за да започне да се остваруваат приходи додека чека финансиска помош од надлежните.
„Во март, годинава, болницата презеде голема улога и голема одговорност, стана КОВИД Центар. Тука беа сместени најтешките пациенти, исто како на Инфективната клиника. Болницата докажа дека има инфраструктурен капацитет, но пред се човечки, лекари и експерти од многу области, кои пожртвувано 24 часа на ден многупати со чести дежурства во текот на неделата работеа со најтешките пациенти“, истакна министерот Филипче на седми септември при што присуствуваше на настанот со кој се одбележаа 10 години од именувањето на Градска општа болница „8-ми Септември“ по националниот празник, Денот на независноста.
БЕГАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
По напорите на вработените во таа болница да излекуваат граѓани заразени од КОВИД-19, министерот Венко Филипче сега вели дека не бил запознаен со случајот дека најголемиот и прв КОВИД центар во државата се справува со финансиска криза.
-Ниту една јавно здравствена установа нема проблеми со буџетот. Сосем редовно целиот овој изминат период ги добиваат дванаестинките од буџетот, истакна министерот во својата последна прес конференција од пред неколку дена.
А, пак од ФЗОМ експресно реагираат дека болницата располага секој месец со најмалку 100 милиони денари, кои во претходните месеци биле трошени за потребите на КОВИД пациентите. Зголемување на буџетот на болницата ќе има.
-Фондот го следи работењето на јавните здравствени установи и кај секоја која детектираме зголемен обем на работа тогаш го менуваме буџетот и им го зголемуваме договорениот надоместок. „8-ми Септември“ќе добие зголемување“, стои во соопштението на ФЗОМ.
Со ваков начин на работа на надлежните институции, министерот за здравство не е подготвен за вториот бран на КОВИД-19. Иако тоа го вели секој ден по прес конференции. Ако има дозволено првиот КОВИД центар да е пред финансиски колапс, тогаш каква судбина имаат другите јавно – здравствени установи низ државата.