Андоновска со порака до граѓаните: Не сте сами, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт

Од Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне денешниот протест против неправдите, политичкиот реваншизам и политичкото насилство од страна на власта, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното вклучување во централниот дневник на ТВ Алфа.

Андоновска, посочи дека Македонија е држава во која невини луѓе лежат во затвор, додека државата секојдневно ја тресат скандали со криминал и корупција од страна на власта.

-Македонија е држава во која што невини лежат во затвори, страдаат нивните семејства а од друга страна секојдневно сме сведоци на скандали кои што ја тресат власта, за криминал, корупција, бизнис зделки, рекет и слично за кое што обвинителството и судството молчат. Молчат и работата по диктат директно на Зоран Заев. Тие се само едно копче на далечинскиот управувач кој што е во рацете на Зоран Заев и кој што го употребува единствено само кога сака да прикрие некој криминал, негови или не неговите блиски, рече Андоновска.

Во Македонија секојдневно сме сведоци на невиден притисок врз медиумите и нивните сопственици. Се судат, се напаѓаат, крвнички се тепаат новинари, сите оние кои мислат поинаку или ја критикуваат оваа власт. Во Македонија се судат и мајки на малолетни деца за набавка на автомобил во кој што и ден денеска се вози Зоран Заев, а од друга страна никој не одговора и се молчи за набавката од страна на власта од 8 милиони евра, изјави таа.

Андоновскa, порача дека нема да луѓето трпат огромни притисоци, додавајќи дека ова мора веднаш да престане, односно како што рече таа ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи и ќе се бори заедно со граѓаните.

Луѓето трпат огромни и невидени притисоци на нивните работни места, се распределуваат, дури и се отпуштаат од работа само поради тоа што мислат поинаку од власта и ја искритикувале во некој нивни коментар на социјалните мрежи. Заради сето ова, заради сите овие неправди, заради целиот овој реваншизам сме денеска на овој протест. Доста е ова мора да престане, веднаш и сега. Нема да отстапиме и ќе се бориме заедно со граѓаните, вели Андоновска.

Андоновска е децидна дека правото мора да важи еднакво за сите, укажувајќи дека мора да се негуваат европските принципи кои се засноваат на слобода, демократија и правда.

Ние сме одлучни да ја истераме правдата до крај. Силно веруваме дека ќе успееме заедно со граѓаните да се справиме со овие неправди, против овој реваншизам кој што го трпиме и против селективната правда. Ќе ги негуваме европските принципи, а тоа е слобода, демократија и правда која што е еднаква за сите.

Андоновска, упати јасна порака до граѓаните, апелирајќи до нив да издржат пред неправдите, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ е со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт.

Сакам да им се обратам на граѓаните со една јасна и недвосмислена порака, не сте сами, издржите, заедно ќе се избориме, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо до секој оној граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт, порача Андоновска во вечерашното гостување во дневникот.