Децата на функционерите на СДСМ учат по светот, а децата на обичните граѓани немаат ни за компјутер

Овие денови актуелна тема е почетокот на учебната година, моделите на одржување на наставата, како и онлајн учењето кое е новина во македонското образование. Иако навидум лесно, родителите кои имаат основци имаат големи проблеми во врска со овозможувањето на уреди за следење на наставата.

Впрочем, доколку во едно семејство има две деца кои одат во основно училиште, тоа значи дека децата мора да имаат два уреди за следење на наставата, бидејќи наставата временски во поголемиот дел се преклопува. Тоа значи дека родителите мора да се снаоѓаат и од сопствен џеб да купуваат лаптоп или таблет преку кој би можело да се следи наставата. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години спроведе мерка, односно реализираше проект преку кој секое дете можеше да стигне до лаптоп или таблет.

Поразителен е фактот дека околу 40.000 деца кои треба да ја следат онлајн наставата, не можат да ја следат образовната настава поради недостиг на лаптоп или таблет, а функционерите од СДСМ своите деца ги испраќаат да учат во странство со народни пари, односно стипендии кои само тие знаат како ги доделуваат. Како пример, ќерката на Никола Димитров која замина да студира во Холандија, а државата и обезбеди 40.000 евра стипендија, за која што Димитров рече дека ја добила поради тоа што само таа била кандидат за истата. Исто така и Хари Локвенец го испрати својот син да студира во Британија, а на јавноста и се жалеше дека нема пари и побара државата да му ги храни синовите.

Уште еднаш власта покажа дека не и се важни ниту граѓаните, ниту учениците, ниту пак знаат со какви проблеми се соочуваат нормалните луѓе. Најважно за овие луѓе е да ги школуваат своите деца по европските и светски универзитети, додека обичните граѓани немаат пари да им овозможат компјутер на своите деца за да ја следат наставата од дома.