Латас: Додека Заев е во Атина, Артан Груби стана прв човек на Владата
Драган Павловиќ-Латас,новинар во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за изјавата на Артан Груби дека секоја фирма која ќе вработи Албанец ќе добие субвенционирање од државата и посочи дека тоа не е само негов став, тоа е став на целата Влада.
-Да, Артан Груби овие денови е премиер, неговиот став е став на владата, не е само на ДУИ и тој со последната изјава која денес се врти по социјалните мрежи кажа дека секоја приватна фирма која ќе вработи Албанци ќе биде субвенционирана со државни пари, тоа значи дека ние кои сме македонци и плаќаме данок ќе финансираме сопствен отказ бидејќи моите или твоите газди може да прерачунаат дека повеќе им се исплати Албанец кој нема да плаќа придонеси или некој сличен начин субвенција. Ние македонците ќе добиеме отказ за да работи тој или тие, тоа е фашизам, тоа е расизам, Артан Груби тоа што го кажа има и кривичен законик кој повикува одговорност за тоа, тоа е етничко вознемирување и етничко кршење на Устав каде што сме сите рамноправни, истакна тој.
Новинарот Павловиќ во своето гостување додаде дека тоа што го кажа Артан Груби не е случајно и дека вториот човек на владата денес стана прв човек додека Зоран Заев е отсутен.
Извор:Курир.мк