Касами-Цакај: Албанија и Македонија имаат еден заеднички пат

Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цекај.

Во соопштението на Беса се вели дека Касами и Цакај разговарале за актуелната политичка состојба во државата и можностите за билатерлна соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија.

Од таму додават дека Касами и Цакај се договориле дека Албанија и Македонија имаат еден заеднички пат, тој на интеграцијата во ЕУ.

Прироитет на Движењето Беса, како што нагласил Касами, како дел од оваа Влада ќе биде соработката меѓу двете држави во интерес на граѓаните. (МИА)