Заев тргува со Гоце Делчев како што со Ципрас го продаваше името, ЕУ е само колач кој не го добиваме
„Не е ништо тајно ниту некоја специјална стратегија и цело време го донеле Заев за да го продаде името, ајде мајката“, истакна во септември 2017 година Зоран Заев, тогашен премиер на Република Македонија.
„Доста беше лажен патриотизам, Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО и ќе почне преговори со ЕУ. Ќе покажеме дека можеме да решаваме проблеми со пријателство и добар дух зашто нашата иднина се ЕУ и НАТО. Македонија ќе го реши проблемот со името, а граѓаните ќе бидат горди Македонци. Доаѓа ново време за нашата земја, Македонија е разбудена“ изјави Заев на митингот во Прилеп, 12 октомври 2017 година.
За три години подоцна Македонија и граѓаните добија друго име на државата и оспорување на македонскиот јазик и историја, но не и датум за ЕУ.
Деновиве граѓаните се сведоци на се почести изјави за откажување од Гоце Делчев, како од властите во Бугарија кои продолжуваат со наративот и условувањата дека „ништо не го чини Заев”, да се согласи со условите на Софија, така и изјавите на Заев дека после името се е полесно, веројатно за давање.
Зоран Заев во неговото последно интервју на Клик Плус на ТВ 21 изјави дека Македонија и Бугарија треба да ја дефинираат заедничката историја и како Гоце Делчев и другите историски епохи, а не да се гледа само од една или друга страна.
„Тој договор е успешен договор, тој мора да живее меѓу народите на двете земји Во тие два народи кои се спомнуваат внатре има заедничка историја, таа треба да ја дефинираме и заедничката историја треба да ги негуваме заедничките вредности и на Гоце Делчев и на другите историски епохи, а не само на едната страна или на другата. Верувам дека ќе најдеме договор“ изјави Заев.
Дека Зоран Заев и оваа власт ќе го дадат Гоце Делчев на Бугарите е повеќе од очигледно, но за колкава цена се уште не се знае. Но, според тоа колку чинеше името пред две години, Гоце Делчев може да чини продолжување на бизнис интересите кои ги има во Бугарија и дебело впаричување на истите во милиони евра.
Грчките медиуми пред две години известуваа за наводниот бизнис кој тогашниот вицепремиер на Заев, Кочо Анѓушев го имаше со грчките власти со продажбата на неговата фирма кон грчкото електростопанство. Анѓушев не одговори на јавноста колку пари чинеше продажбата на фирмата и дали тоа беа пари за прифаќањето на позициите за промена на името, за кое додека Заев ги договараше пазарењата со тогашната грчка влада, легнаа парите на сметките на неговиот вицепремиер.
Заеви според трговскиот регистар на Бугарија, поседуваат неколку фирми. Трајче Заев ја поседува фирмата „Гомасидра” која работи во Бугарија, а истиот е косопственик на „Ориент Трејд“ заедно со Вице Заев. Заев пак ја поседува фирмата „Радиша Трејд“.