Мицкоски – Ќе протестираме додека не ја симнеме мафијата од власт

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата по повод поскапувањето на цената на електричната енергија од страна на владата на СДСМ и порача дека ќе извшат приситок врз власта да го укине поскапувањето на струјата и политиките кои што не им одат во прилог на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ и коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција и практично сите оние неправди кои се нанесуваат на народот ние ќе го артикулираме заедно со народот и ќе го поддржиме народот на улиците, а паралелно со тоа ќе се бориме во институциите заедно со сите останати опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови кои што мислат дека сето ова што го прави оваа мафија на власт е погрешно и дека е спротивно на интересите на граѓаните. Така што ќе треба да се навикнат да го гледаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи партијата на улиците заедно со народот, истакна Мицкоски.

Тој кажа и дека упатиле повик до сите оние поединци, невладини организации без разлика на етничката припадност кои што ценат дека имаат антивладини ставови.

-Ова кое што ние цениме дека го прави оваа Влада, оваа мафија на власт е погрешно на интересите на граѓаните да ни се придружат да се обединиме затоа што само така можеме заедно сите обединети и посилни да го бутнеме ова што денеска ни се случува во државата, додаде Мицкоски.