„Аватар“ непречено работи, а Струмица на врвот на новозаразени
Од град со мал број на заразени, Струмица станува ново жариште по заразени од КОВИД-19. Имено за само едно деноноќие беа регистрирани 11 нови случаи.
Како што велат наши извори од Струмица оваа двоцифрена бројка на новозаразени се должи на непочитувањето на мерките, преполните дискотеки и кафулиња.
-За прв пат од почетокот на пандемијата во Струмица имаме двоцифрена бројка на новозарени од KОВИД–19. Тоа што не се почитуваат мерките и што кафулињата, дискотеките се преполни ги даде овие резултати, вели граѓанин од Струмица.
Највпечатлив пример е дискотеката „Аватар“ за која пред повеќе од месец дена се појавија фотографии дека е преполна и не се почитуваа протоколите за работа. Истата таа беше затворена, но по месец време истата беше пререгистрирана во Централниот регистар како кафе бар. Ова се случи по објавите на социјалните мрежи дека таму се одржуваат забави, инспектори на Пазарниот инспекторат извршиле контрола, но не констатирале неправилности.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи и мефиумите може да се забележи дека најчести гости во сега веќе кафе бар „Аватар“ се синот на премиерот Зоран Заев и на неговиот брат Вице Заев. Дали тоа е една од причината зошто овој кафе бар не се затвара и покрај непочитувањето на протоколите за работа како и непочитување на здравствените мерки пропишани од надлежните?