Заев на власт глуми миротворец, како опозиционер медиумите ги нарекуваше државни непријатели
Прогласување на неколку медиуми за непријатели, водење хајка со новинари кои го обелоденуваат криминалот на власта стана секојдневие. Премиерот Зоран Заев уште во минатото пред да дојде на власт имаше објавено војна на неколку медиуми. Целата јавност ја памети изјавата од пред неколку години кога денешниот премиер, а тогашен лидер на опозиција прогласи неколку медиуми и телевизии за политички непријатели. Од тогаш војната со медиуми не е завршена, напротив таа продолжи но сега и со закани и пресуди.
-Во моментот став на СДСМ, и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската Радио телевизија, изјава на Зоран Заев на први декември 2015-тата година.
Хајката на Заев продолжи неколку месеци подоцна кога активистите на Шарената Револуција предводена од СДСМ, ги искршија прозорците од канцелариите на неделникот „Република“, а подоцна протестираа пред Сител телевизија, за подоцна фрлаат и боја врз Македонската информативна агенција.
Потоа Заев преку СЈО започна да води и хајка против телевизија Нова, само затоа што уредувачката политика на телевизијата не му беше по негов вкус. Заев го искористи СЈО да го затвори сопственикот на телевизијата и притоа телевизијата која му беше политички неистомисленик да биде затворена. Откако дојде на власт Заев продолжи со притисоци кон секој еден новинар или медиум кој даваше било каква критика против власта. Така заради критиките кои ги даваше новинарот Бранко Героски, Заев и СДСМ започнаа да вршат притисок врз Слободен печат, при што Героски беше принуден да поднесе оставка од уредничкото столче на весникот.
Кога неколку медиуми го објавија скандалот на Драги Рашковски со скандалозниот тендер на М-НАВ и италијанската фирма „Леонардо“, обвинителството наместо да го расчисти случајот и да покрене постапка против генералниот секретар на владата, тоа ги повика на распит новинарите Љупчо Златев и Горан Момироски затоа што го обелоденија криминалот на Рашковски.
Заев продолжи да се пресметува со порталот „Република“ и ги тужеше кога го објавија скандалот за незаконското легализирање на угостителско-хотелскиот комплекс над Струмица „Цареви Кули“ . Тужби за „Република“ имаше и претходно кога за објавен текст за платеничката војска на Сорос и невладините со списоци на новинари и граѓански активисти, беше осуден сопственикот на неделникот со три месеци казна затвор.
Власта на СДСМ го тужеше главниот уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски кој го објави исказот на Орце Камчев за случајот „Рекет“. А, во исказот се потврдуваше дека во „Рекет“ биле вклучени политичари, судии и обвинители. Но наместо темелна истрага и гонење на рекетарите, обвинителството го гони тој што ја запозна јавноста со криминалот.