ДЕНОТ КОГА СВЕТОТ ЗАСТАНА – 19 години од уривањето на кулите близначки во Њујорк

На денешен ден во 2001 година членови на Ал Каеда киднапираа четири американски авиони и извршија истовремен напад врз неколку цели во САД.

Два од авионите удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, попознати и како „Кулите близначки“. Третиот авион се урна во зградата на Пентагон, крај Вашингтон, а четвртиот се урна во Пенсилванија, откако патниците им се спротивставиле на киднаперите. Тој ден вкупно починаа 2.983 лица.

Американците традиционално ја одбележуваат годишнината од нападот со читање на имињата на загинатите и оддавање почит со светлење на местото каде што беа уништени „Кулите близначки“. Притоа се оддава и шестминутен молк во знак на почит. Четири од тие шест минути ги симболизираат точните времиња кога четирите киднапирани авиони ги погодија „кулите близначки“, Пентагон и Пенсилванија, а преостанатите две претставуваат моментите кога се распаднаа северната и јужната кула на Светскиот трговски центар.

Церемонијата се одржува во близина на двата базена со водопади, што се изградија на местата каде некогаш беа кулите.

Кулите на Светскиот трговски центар се урнаа два часа по ударот на авионот, при што загинаа 2.606 лица, вклучувајќи 343 пожарникари и 60 полицајци.

Уште 125 лица загинаа во нападот врз Пентагон. Сите присутни во четирите авиони беа убиени, вкупно 265, вклучувајќи ги и 19-те киднапери. Вкупно починаа 2.983 лица. Жртвите беа државјани на вкупно 77 земји.

Речиси десет години подоцна, во 2011 година, американските сили го убија лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, во Пакистан во операција одобрена од тогашниот американски претседател Барак Обама, потсети Индекс.хр.

Њујорк денеска ја одбележува 19-годишнината од терористичките напади во длабока криза, со зголемена стапка на криминал, бројни напуштени станови и затворени продавници и бездомници на секој чекор, што е предмет на политичка битка со владата пред претстојните претседателски избори.

Поради пандемијата на коронавирусите, семејствата на жртвите нема да можат да одржат говори како претходните години, туку ги снимија своите прогодни зборови. Но, затоа ќе можат да се соберат на местото на настанот, со задолжително носење маски и почитување на далечината. На 11 септември, Националниот меморијален центар и музеј за првпат од почетокот на пандемијата ќе бидат отворени.

Уште 125 лица загинаа во нападот врз Пентагон. Сите присутни во четирите авиони беа убиени, вкупно 265, вклучувајќи ги и 19-те киднапери. Вкупно починаа 2.983 лица. Жртвите беа државјани на вкупно 77 земји.