Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со граѓаните за враќање на старата цена на струјата, со цел да престане кражбата на СДСМ
Во вестите во 19ч на Сител телевизија се вклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој зборуваше за протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ во однос на поскапувањето на струјата, како и за сите штетни политики кои ги спроведува гарнитурата на власт.
Според Мисајловски, Република Македонија ја води класична мафија и протестите не се однесуваат само на поскапувањето на струјата, туку и за секојдневното мафијашко владеење, водење нечиста политика и понижување и крадење на граѓаните на Република Македонија.
Мисајловски посочи дека СДСМ попусто манипулира со граѓаните и вели дека новата влада заслужува шанса, затоа што во новата влада има се, само не нови и чесни кадри како што тоа го претставуваат пред народот.
„Ниту Заев е нов, ниту Шекеринска е нова. Истите луѓе со променети позиции, но со иста цел, да крадат од народот па дури и со поскапување на струјата. Но, еве сме денес тука во огромен број. Ова е почетокот на крајот на Зоран Заев и оваа криминална банда на власт. Сега започнавме со протести за струјата, но нема да запреме тука. Ќе бидеме помеѓу народот, се додека Македонија не се ослободи од овие нечесни политичари”, додаде Мисајловски.
СДСМ како во минатото, така и сега директно се вплеткува во донесувањето на одлуки на судот, донесување одлуки на регулаторната комисија и се со една цел, да го задскријат криминалното работење, а истовремено народот да ја плаќа цената за нивните грешки. На сето тоа ќе мора да му дојде крајот и ние нема да се откажеме во таа намера, заврши Мисајловски.