Милошоски: Доколку власта и Регулаторна комисија не го слушне народот тогаш протестите во наредниот период ќе се интензивираат
Сметаме дека протестот е навремен, затоа што септември е последниот месец кога граѓаните ќе плаќаат нормална цена на струјата. Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромите, Бошњакот, во Македонија, од октомври од своите примања во просек ќе ја плаќаат најскапата струја во Европа, и затоа ова го правиме сега за да може пред октомври да се донесе одлука за враќање на нормалната цена на струјата, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во централниот дневник на Канал 5 телевизија.
Милошоски ги повика сите здруженија на граѓани и граѓани да им се придружат на протестот кои што сметаат дека во Република Македонија не треба да се плаќа поскапа струја.
Опозицијата за Обнова на Македонија заеднички сто на овој протест затоа што овој протест е и барање на народот и потреба на народот, а ние гледаме дека владината коалиција не може месец и пол во собрание да се договори за една комисија така што не би коментирал кој е фрагментиран, самото собрание ја покажува фрагментацијата на актуелната влас и секој колиционен партнер секое граѓанско здружение, поединци луѓе кои сметаат дека во Република Македонија треба да се плаќа нормална не поскапа цена на струјата е добредојден да ни се придружи, потенцираше тој.
Милошоски потенцираше дека на протестите ќе се обрати претседател на политичката партија на Турците во Република Македонија, претставник на ромската заедница, укажувајќи дека доколку владата и Регулаторната комисија не го слушнат гласот на народот тогаш истите ќе се интензивираат бидејќи како што рече тој економски неоправдано ЕВН и државата на една агенција за обезбедување од Струмица да и дадат 21 милион евра, а граѓаните со поскапа струја да мора тоа да го плаќаат.
Вечерва меѓу говорниците ќе имаме меѓу говорниците еден претставник на политичка партија на Турција во Македонија кој што ќе го изрази своето негодување кон оваа работа, исто така ќе имаме обраќање на ромската заедница во Република Македонија кои што исто така како сите граѓани се погодени од ова и обраќање на претседателот. Сметам дека протестите во иднина ќе продолжат, ќе дадеме можеби одреден рок од ден, два или три да видиме дали апелот стигнал до Регулаторната комисија дали го слушаат мислењето на народот, дали владата ќе размисли и околку не ќе продолжиме со интензитетот на овие протести, затоа што според нас е економски неоправдано ЕВН и државата на една агенција за обезбедување од Струмица да и дадат 21 милион евра, а граѓаните со поскапа струја да мора тоа да го плаќаат, изјави Милошоски.