ФАСЦИНАНТНОСТА НА СЕВЕРНА НОРВЕШКА НИЗ ВИДЕО

Сергеј Луканкин, неверојатниот вљубеник во авантурите а воедно и професионален фотограф, ги овековечи островите Лофотен и Сења, при своето патување во Северна Норвешка.

Совршените убавини на овие острови Сергеј ви ги прикажува низ видео снимано со камера на дрон, каде со сигурност ќе уживате запознавајќи ја ледената земја. Снежните планински врвови, преубавите планински предели, океанските крајбрежја, се само дел од она што од прва ќе го забележите на видеото.

Луѓето што живеат во Северна Норвешка, живеат во 24-часовна дневна светлина во дел од летниот период и 24-часовна темнина кон средина на зимата.

Погледнете и уживајте…