Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ во среда во 18 часот повикува на протест против цената на струјата – скапа струја, а сиромашен народ
Државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами кое го урива животниот стандард на граѓаните и со најновата бројка која што денеска ДЗС ја објави, а се однесува на бруто растот, а т.е. да бидам прецизен падот на БДП влегуваме веќе во рецесија. Затоа имаме богата влада, ама сиромашен народ. Тоа е поради власта која направи пакт со криминалот кој се нарекува мафија, едно здружување на луѓе од различни политички партии но со една цел, личен интерес и богатење на грбот на народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Се за што предупредував во економијата се оствари. Потрошија една милијарда евра, а притоа резултатите се негативни, невработеноста се зголемува, бизниси капитулираат, извозот е во минус, а денес имаме историски најлош пад на бруто домашниот производ, потсетувам во времето на конфликтот во 2001 година ова го немавме. Ќе повторам историски најлош пад на бруто домашниот производ. Таа милијарда пред изборите се стави во џеб и не се искористи паметно, туку за поткуп. Мафијата купуваше гласови, наместо да го помага бизнисот, мафијата со овие пари се богатеше, додека народот осиромашуваше. Едната милијарда евра е потрошена, а резултати нема. И првиот ден од старата влада со нов мандат, Заев и ДУИ не го искористија да помогнат на народот туку да го сменат деталниот урбанистички план во Тетово, за да може на земјиштето на контраверзниот бизнисмен Дака да градат станови, бизнис вреден околу 200 милиони евра. И притоа видете каков е само тој молк од власта. Молчат и молат бога да се прескокне темата затоа што апла се фатени во криминал. Толку ги бива за народот, единствено се добри само за нивниот џеб. А, не чекаат уште потешки времиња во економијата, должничко сценарио и раст на сиромаштијата. Десетици илјади наши сограѓани кои ќе останат без работа, истакна тој.
Мицкоски истакна и зошто тоа е така, а спомна неколку економски параметри.
-Имено, го убедуваа народот дека треба да се задолжат. Во вториот квартал долгот порасна за речиси една милијарда евра. А, какви се резултатите, неколку десетици илјади наши сограѓани останаа без работа, нивните семејства без парче леб. А, семејствата за парите кои што ги позајмија, ги наменија за поткуп, 500.000 семејства во Македонија ќе треба тој долг да го плаќаат, за да може мафијата денеска да владее од владата. Ќе ве потсетам јавниот долг е зголемен од доаѓањето на оваа власт. Од третиот квартал во 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8%. Државниот долг пак од 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година е зголемен од 3 милијарди 958 милиони на 5 милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3%. Извозот пак само во јули месец ќе ве потсетам, јули месец кој што нема никакви мерки, нема никакви ограничувања е намален за цели 7,8% во однос на јули месец 2019-тата година. А, пак за периодот јануари до 31 јули 2020–тата година е намален за цели 20% споредено со истиот период во 2019-тата година. Увозот пак, увозот во јули е намален за 4,9% споредено со истиот месец во 2019-тата година. Или пак за цели 15,8% од почетокот на годината заклучно со 31 јули 2020-тата година споредено со истиот период во 2019-тата година. И конечно тука ќе завршам со бројките без да ја оптоварувам оваа прес конференција и граѓаните, а и вас претставниците на медиумите. Ако според економската логика на мафијата наследиле – 1,8%, зголемување на БДП и споредувајќи го со бројката од четвртиот квартал во 2019-тата година дека растот бил 3,1%, па велеа дека од – 8 го зголемиле на 3,1% денеска според истата таа логика на мафијашите од мафијата БДП кој што го наследија од – 0,8% го намалија на историски – 12,7%. Ете тоа е таа мафијашка логика и во економијата, трпај само во својот џеб, на грбот на граѓаните. Од оваа мафија ниту граѓаните, ниту од овие мафијаши можеме да очекуваме додадена вредност, ниту пак подобар живот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на денешната прес-конференција испрати неколку прецизни пораки.
-Сите овие бројки кои ги споменав укажуваат на тоа дека народот го чекаат уште потешки времиња. А, финалниот удар врз џебот на народот беше кога скришум, на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата. И тоа ја качија цената на струјата создавајќи екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија. Но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите станати сме една иста група на граѓани која што гледа една те иста мака. А, тоа е сиромаштијата, затоа што во исто време владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот. Отпорот станува наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. И затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на граѓански протест во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот, а тоа прв од серијата кои што ќе ги организира Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика која е маша на власта и која ќе ја повикаме и ќе бараме додека тоа не го направи да се врати цената на струјата по старо. Имаме СКАПА СТРУЈА, А СИРОМАШЕН НАРОД. И токму поради тоа ќе протестираме во овој прв од серијата која што ќе трае во следниот период. Тоа е причината поради која ќе излегуваме секогаш со свои барања. И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија една милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепна. Обезбедуваат повластена тарифа за универзален снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агенција за обезбедување чии што вработени гледавме како држат прес конференција пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Испумпуваат пари на граѓаните преку буџетот а имаме стотици илјади граѓани кои што живеат со помалку од 50 денари на ден. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на електричната енергија мора да биде вратено на старо, порача тој.
Тој испрати уште една порака до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати, здруженија, еснафи и поединци.
-Време е да се обединиме да ги надминеме нашите разлики и да направиме опозициски фронт против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. И точно е можеби имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти. Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува една работа, а тоа е сиромаштијата против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротивставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема, буквално за секоја тема која што ги мачи граѓаните. И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши во мафијата, а сиромашен народ. Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, мафија не се руши само со една битки, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај. Ние од тука тргнуваме, заклучи Мицкоски.