Стоиљковиќ – Пилињата на крајот се бројат, зар не?

Никој не го спори идивидуалното видување на настаните во нашето опкружување, но со години се докажува дека антисрпскиот став провејува скоро секогаш и од секаде, медиуми, медиумски работници, политичари, од оние за една упореба или тнр. корисни идиоти во јавниот живот па се до највисоките званични претставници на државата.

Се однесува ли Пендаровски како претседател, што се случува со македонската дипломатија и каде се јаничарите на српскиот народ во Македонија, знаат ли што прават и мислат ли дека нема да дојде време да ги израмнуваме сметките.

Секој ден, се повеќе се претерува со непринципиелни ставови и политика и наместо да ја оправаме сопствената бедотија, делиме памет кој и така највеќе ни недостасува.

Премногу свежи се сеќавањата, а на жалост се уште постојат оние кои и покрај што и мафијашот Ѓукановиќ под притисок на меѓународниот фактор се повлече од криминалните активности, како што е поткуп на пратеници и слично, а што нашите медиуми и јавност како врв на демократијата го промовираа, со цел промена на изборната воља на граѓаните. А случаи кои кореспондираат со ваквото однесување беа и повеќе од видливи и кај нас.

Абе имате ли срам, зар не гледате дека ќе се удавите во сопствениот смрад и за чудо паметот не ви доаѓа.
Па така и денес по средбата во Вашингтон на српскиот претседател Вучиќ и претставникот на привремените институции на Косово, иста мета исто одстојание. Ви реков неколку пати, ќе повторам, а што се однесува до вчерашниот настан не заборавете, “пилињата на крајот се бројат”.
Што се однесува до политиките кои ги водите и застапувате и состојбата во која је доведовте Македонија не заборавете дека распердушените пилиња не само што никој не ги есапи туку и никој не ги брои.

Еве на кратко, прво, трамповањето од вчера беше и е во функција на изборниот процес во Америка, каде во игра се големите, српската и албанска заедница. Нема сомнеж секој од актерите вчерашниот договор ќе си го прикажува како свој политички успех. Трамп тоа ќе го прави да му то помогне во претседателската кампања.

Второ, односот на трамповата администрација кон званичниот претставник на српската држава беше под секое ниво. Но целта ги оправдува средствата, дури и од авион се гледа дека претседателот Вучиќ заврши голема работа за Србија, за нејзината економија и регионален статус.

Трето, Србија доби најповеќе, мини шенген во целина, значителна финансијска помош и мижност во наредните десет година да биде економска локомотива во регионот. Мини шенгенот може да доведе до проблеми со парламентарното мнозинство кај Албанците, бидејки мини шенгенот ја укинува границата со нели окупаторската Србија и ја воведува Србија во целост на Газиводе.

Четврто, не се сомневајте дека претседателот Вучиќ до максимум ќе го искористи овој настан и шансата која му е дадена економски да го предводи регионот и во политички цели.

Петто, нема признавање на Косово ни во назнака!

Шесто, онаа што е и што не е напишано во документот на кој впрочем нема ни заеднички потпис, ќе има свој живот, позитивен или не, во зависност од изборите во Америка.

Седмо, да го направиме Трамп повторно претседател на Америка.

https://www.facebook.com/ivan.stoilkovic/posts/1640318926142903