ПРОШЕТАЈТЕ ПОКРАЈ ДИВАТА ПРИРОДА ВО МЕКСИКО НИЗ 10 МИНУТНО ВИДЕО
Местото наречено Ла Уастека Потосина во Мексико е еден од најубавите делови на светот. Инфраструктурно не е доволно развиен, но тоа има и добра страна затоа што неговата преубава природа останува таква каква што била, незагадена, права магија од природата, збогатена со околу 2.000 различни видови флора и фауна.
Во ова место живеат и неколку племиња кои немаат контакт со остатокот од светот, и се жив доказ колку ова прекрасно место е недопрен дел од светот.