Потребни состојки:
– 950 милилитри вода
– 6 лажици шеќер
– 4 лажици инстант квасец
– 230 милилитри растително масло
– 2 лажици сол
– 1.200 грама брашно
Во голем сад, се мешаат водата, шеќерот и квасецот и се оставаат да отстојат 2-3 минути.
Потоа додајте ги маслото, солта и брашното и замесете го тестото. Прво ставете 1 килограм од брашното, а останатото додавајте го полека сè додека не добиете влажно, но нелепливо тесто. Оставете да отстои 10-тина минути, па премесете го со раце.
Повторете ја постапката уште 4-5 пати. Ќе добиете универзално тесто со коешто можете да се забавувате на секој можен начин. На пример, багети или кифличките кои ќе бидат превкусни, без разлика дали се полнети или празни.
Сè што ќе замислите – сè може да се направи од ова тесто! Печете околу 20-30 минути на 200 степени, или адаптирајте ги времето и температурата според дебелината на тестото.