Мицкоски: Потврда од Брисел дека сме први во испорака на реформите, продолжуваме со несмалена динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процеS

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал онлајн-состанок со директорот на Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на кој се разговарало за законите и реформските чекори што треба да ги преземе државата до декември годинава во рамките на евроинтеграцискиот процес.

Мицкоски денеска на новинарско прашање оцени дека државата продолжува да ги исполнува обврските, како и дека со исклучок на Изборниот законик, кој, потенцира, „поради познати причини, во јавноста не е донесен“, другите чекори за реформските законски решенија се исполнети.

– Од оние што беа во „грејс-период“, остана само Изборниот законик, сè друго е завршено. И од оние што се во редовна процедура, најголемиот дел е завршен. Денеска имавме состанок преку онлајн-врска со Брисел и со господинот Копман. Разговараме веќе за законите и реформските чекори, кои се во „грејс-период“ до декември оваа година и кои се во предвидениот рок од декември годинава. Продолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска, од нивна страна добивме условно кажано и одреден комплимент дека сме први од сите земји што почнуваат со овие чекори да се занимаваат, а другите сè уште немаат таква намера – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираното одделение за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Прашан дали ќе има повторно обиди за донесување на Изборниот законик, повтори дека опозицијата треба да се договори за текст на Законикот, во кој ќе ја вклучи дијаспората, и апелира на одговорнст на лидерите на СДСМ, Левицата и ДУИ.

– Тоа веќе не зависи од нас. Ние рековме нека седнат во опозицијата, нека се договорат, нека ја вклучат дијаспората, нека дојдат, ние бланко ќе го поддржиме она што ќе го договорат меѓу себе. Затоа апелирам на одговорност, на зрелост, кај претседателите на СДСМ, Левицата, Демократската унија за интеграција и на другите формални или неформални групи во парламентот, да седнат како коалиција да се договорат и да донесат документ што ние веднаш ќе го прифатиме. Треба зрело да се однесуваат претседателите на политичките партии СДСМ, Левицата и ДУИ и да не го блокираат ова, туку да се договорат каков текст на Изборен законик ним им одговора, и ние тој ќе го прифатиме – изјави Мицкоски.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK