Мисајловски: Турција е наш долгогодишен пријател и значаен партнер
Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати искрена благодарност до амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, и до одбранбеното аташе, полковникот Реџаи Јилмаз, за нивниот професионализам, посветеност и значаен личен придонес во унапредувањето на партнерството и пријателството меѓу нашите две земји, со што успешно го заокружија својот мандат.
-Во изминатиот период заеднички работевме на продлабочување на билатералната одбранбена соработка, унапредување на нашето сојузништво во НАТО и реализација на бројни иницијативи што придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и развој на одбранбените капацитети. Република Турција е наш долгогодишен пријател и значаен партнер, чија континуирана поддршка има особено значење за развојот и модернизацијата на македонската Армија, вели Мисајловски.
Тој им посака многу успех во нивните идни професионални ангажмани и добро здравје, со уверување дека силните врски меѓу Македонија и Турција ќе продолжат да се зацврстуваат и во периодот што следи.
Comments are closed.