Јани Бојаџи – Зошто никого во Македонија не го интересира што се случува во Германија и Англија во овој момент сега?

Зошто никого во Македонија не го интересира што се случува во Германија и Англија во овој момент сега? Милиони се на улиците во Берлин и Лондон! Протестираат не против мерките кои европските влади ги практикуваат за заштита од епидемија, туку против нешто многу пострашно: против неофашизмот кој полека но сигурно се инсталира во земјите од Европа и преку морињата!

Во Македонија има сосема, ама сосема мал интерес за ова движење кое можеби нема да ги промени работите, но сигурен сум, ќе иницира нови и нови движења, кои во следната декада ќе ги соборат лисјата што сега ние ги дуваме! Така е тоа. Зошто, пак прашувам, никому во Македонија не му е гајле? И зошто никому нема да му биде гајле за ништо што се случува надвор од неговиот мал свет? Затоа што огромното мнозинство Македонци не гледат друг начин како да се заштитат себе си токму од тој, лажно праведен свет, кој во моментите кога на Македонија и Македонците им беа најпотребни, токму нив, ги немаше никаде! Така е тоа, драги мои.

Не прашувајте за кого бијат камбаите?! Бијат за тебе. За сите оние кои молчеа пред неправдите на другите. Бијат за сите оние што ги вртеа главите. Бијат за сите оние што мислеа: добро ми е, да не се мешам во туѓи несреќи. Ете, особено за оние последните: нашата несреќа не ја споделивте со нас, не очекувајте ние да ја делиме вашата, која доаѓа, секој ден, секој час, секој трепет на часовникот на времето е се поблиску и поблиску до вас!

Знаете ли што зборува Неда, мајката на Кузман Капидан кога Арнаутите ќе и го донесат мртвиот син на носила? Прочитајте го Сердарот! Не плачете и не кукулелекајте и не жалете ја Неда, туку жалете се себе си, затоа што, од овој момент па натаму, ќе нема никој што ќе ве штити вас! Вие, молчевте додека го убиваа Кузман. Молчете и сега, оти и да врескате до небото, нема кој да ве слушне!

https://www.facebook.com/jani.bojadzi/posts/10220824029022175