Воената академија дел од меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION
Во периодот 6–8 јули 2026 година, проф. д-р Југослав Ачкоски, полковник, од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзит „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше на меѓународната истражувачка мисија ACE²-EU ACEPLORATION MISSION – Cybersecurity & Digital Sovereignty, која се одржа на Constantin Brâncuși University во Тaргу Жиу, Романија.
Учеството на Воената академија во ваква меѓународна активност е реализирано за првпат, како резултат на заложбите на ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за унапредување на меѓуинституционалната соработка со Воената академија и нејзино активно вклучување во меѓународни научноистражувачки активности и проекти.
Настанот ги обедини истражувачите и експертите од универзитетите-членки на ACE² European University Alliance, со цел развој на заеднички научно-истражувачки проекти во областа на сајбер безбедноста, дигиталниот суверенитет и иновативните дигитални технологии.
Во рамките на активностите беше презентирана проектната идеја „AI-Driven Secure and Sovereign Digital Infrastructure Platform for SMEs“, насочена кон развој на интелигентна платформа за зајакнување на сајбер отпорноста, дигиталниот суверенитет и безбедната дигитална трансформација на малите и средните претпријатија.
Со учеството на вакви меѓународни настани, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ продолжува активно да придонесува во европскиот истражувачки простор, да воспоставува нови научни партнерства и да ја унапредува меѓународната соработка во областите на сајбер безбедноста, дигиталната трансформација и иновациите.
Comments are closed.