До 13 часот регистрирани три пожари на отворено, активен останува само еден

До 13:00 часот денеска во државата се регистрирани три пожари на отворен простор, од кои еден е сè уште активен, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во Општина Куманово, на месноста Пармакови Ниви, каде гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Ново Село, во атарот на селото Бајково, каде беа зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Во меѓувреме, целосно е изгаснат пожарот во Општина Долнени, во атарот меѓу селата Дебреште и Ропотово, каде гореше ниска вегетација.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK