ТРАГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР: Почина 14-годишно девојче по пад од лулашка
Четиринаесет годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар.
Трагедијата се случила вчера вечерта, а случајот во полиција го пријавиле од болницата каде малолетничката била донесена без знаци на живот.
-На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Comments are closed.