Есдесовци и Леваци! Зошто ја мразите Македонија?

Сите гледаат, само вие сте заслепени, народот слуша добро, вие хистерично се дерете, луѓето се мудри, вие ги правите недоветни, не ги сакате своите, а од нив барате милост… Сé на сé, наопаку поставено кај вас.
Зошто е тоа така?

Одговорот е многу едноставен.
Галопирачката спирала на инфлацијата на вашата омраза кон Македонија и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД сите ве прави политичари со попреченост во сопствениот развој на вашето делување и место напред, ве враќа назад до конечно исчезнување.

Главната, за жал, непроменлива КОНСТАНТА ви е ОМРАЗАТА кон МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Зачудувачки формирана, одржлива и постојано во пораст, до степен дотаму да сте спремни, јавно и без срам да го демонстрирате пред секого и насекаде, самоуверено ставајќи го вашето болно ЕГО пред општите, заеднички напред движечки граѓански придобивки што ова ВМРОВСКА ВЛАДА на чело со ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ постојано, квалитативно безрезервно ги испорачува на својот народ.

Ете, таа е нашата, КОНСТАНТА, љубов неограничена кон МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, што пак од своја страна, спиралата на галопирачката инфлација на НАШАТА ЉУБОВ ја прави единствената инфлација што секој народ би ја посакал за разлика од вашата непромислена омраза, што ви ја јади душата од внатре, венеете сé посилно од ден во ден, а ВМРО-ДПМНЕ расте, се разгранува, виши, цвета, дава благородни плодови што духовно и материјално го храни својот народ, а за возврат добива силна поддршка и вечна љубов кон своите добродетели.

Ете, таа, КОНСТАНТАТА на ЉУБОВТА прави да сме нераскинливо вечно еден со друг заедно, градејќи светла иднина за нашите деца. Таа е нашата исконска константа, така било, така е и така ќе остане. Кој сака нека се покае, нека побара прошка, од својот народ за понижувањата и предавствата што им ги нанел, нека се придружи, но само како ПОКАЈНИК, од страна, зошто повеќе не заслужува.

Во вечната борба наша против вас, со нашата верба и интуиција да сме на правата страна на доброто што го правиме за својот народ и сите граѓани, ве победуваме вас, ДЕКАДЕНТНИТЕ и за среќа народот нé препозна и несебично, безусловно нé ПРИФАТИ, а вас ве отфрли.

И, покрај тоа не ви доаѓа умот, ако го имате.
Деновиве “силно“ се разбранува политичката, скромна плитка вода кај вас есдеесовците.

Се повторувате вие никогаш непроменети КУМРОВЕЧКИ експрес дипломирани политичари и повторно без да криете, само жилаво и жестоко се расправате меѓу себе за внатрепартиските состојби кои воопшто никого не го интересираат.
Пукаат, трескаат обвинувања тешки, препишани и во аманет оставени памфлети од светиот ваш Кумровец. Вакви и такви, сите никакви.

Затоа во ниту еден момент во вашата расправа, никаде не ја спомнувате ниту Македонија, ниту Македонскиот народ, нивните заложби и смерници. И нормално.

За вас МАКЕДОНИЈА не постои ниту пак некогаш сте се согласиле дека ја има, дека е сега силен стабилен прогресивен фактор во светот и ја гледате пред вашите очи, ама од пуста неминлива и постојано растечка ОМРАЗА не ја прифаќате ОЧЕВИДНОСТА.

Ве познава НАРОДОТ. Ако нешто памети, тоа се предавствата.

Ве знае и едните и другите, и вас актуелните и вас долги години хибернираните, а сега пробудени.

И кога бевте активни и кога заспавте, особено не сега кога се пробудивте, НАРОДОТ ќе ви овозможи да си продолжете и ќе ви обезбеди вечна тишина и мир, не нарушувајќи ви го вашиот сон во кој ве испрати и ве пови, ВМРО-ДПМНЕ со својата КОНСТАНТА НА ЉУБОВ кон МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД на НЕГОВО барање.

Ламбе Арнаудов

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK