Кос задоволна од сработеното на владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ
Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со претставници на граѓанското општество, и секако со младите. Во сржта на пристапниот процес, секако се наоѓаат реформите за кои што зборувавте и за конкретните придобивки за граѓаните, подобрени услуги за јавноста, поедобрени можности за младите кои што ќе придонесат кон попросперитетна економија. Во таа насока навистина гледаме охрабрувачки напредок уште од почетокот на годината, во реформската агенда и токму поради тоа сакаме да ја поздравиме зголмената посветеност на владата во напредувањето на оваа работа, рече Кос и продолжи:
„Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи, за тоа што е усогласеност со европските стандарди и затоа Македонија се кфалификуваше во групата на земји на кој што ќе дадеме дополнителни средства за Планот за раст, и го дискутиравме ова навистина многу, ова не е толку очигледно. Може да дојдете до врвот, затоа што ги испорачувате очекувањата и навистина сум среќна што можам да ве уверам дека вашата земја се наоѓа токму во таа група“.
Во однос на реформската агенда, Кос посочи дека 90% е спроведено, додека остануваат уште 10%, а тоа е Изборниот законик.
-Кога зборувам за реформите, би сакала да подвлечам дека реформите не се само работа владата, тие не се работа само на Собранието, тоа е национален проект каде што сите засегнати страни треба да бидат вклучени и особено Собранието, тоа е местото каде што се усвојуваат реформите, па затоа се надевам, со оглед на тоа дека спроведовте 90% од 10те реформи кои што требаше да се исполнат до 15 јули, и тие последни 10% се Изборниот законик, кој што ќе биде усвоен. И тука ги повикувамн сите страни за еднички меѓупартиски консензус за да може да имаме 100% успех, и се надевам дека тоа ќе се случи, рече Кос и додаде:
„Кога тоа ќе се случи, тоа ќе биде во полза на државата затоа што пристапните преговори ќе придвижат нанапред. Реформската агенда и она што го правите во Планот за раст и од друга страна пристапниот процес во одреден дел ќе се спојат. Тогаш Македонија може многу побрзо да се приклучи кон оние напредни земји. Веќе ја гледаме ползата од пристапувањето кон ЕУ како доаѓа до граѓаните на Македонија. СЕПА им дава на граѓаните и бизнисите на Македонија еднаков третман при пренесување на пари, набрзо ќе започнат и разговорите за укинување на роамингот во Македонија, со што значи дека нема да има дополнителни надоместоци за мобилната телефонија. Градиме клучни транспортни рути, од Албанија до Бугарија и од Србија до Грција за да се подобри поврзаноста во регионот и во ЕУ“.
Comments are closed.