Околу 20 портали и профили под истрага на МВР и АНБ за ширење говор на омраза
Околу 20 комуникациски канали, меѓу кои веб-портали, како и страници и профили на Фејсбук и Инстаграм, се предмет на истрага што ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.
„МВР постапува по индиции за портали и профили на социјалните мрежи за кои има сомнение за сторено кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Доколку се утврди дека има елементи на кривично дело, Министерството ќе постапи во согласност со своите законски надлежности и ќе преземе соодветни мерки“, велат од МВР во врска со настанот.
Според информациите, истрагата се однесува на сомневања дека овие канали биле користени за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија.
Истражните органи веќе обезбедиле дел од доказниот материјал, но активностите сè уште се во тек.
Извор: Мкд.мк
Comments are closed.