И Љубиша Николовски со критики кон раководството на СДС: „Немерлива глупост“ е да ги наречеш луѓето во Платформата 12.05 предавници!

„Глупоста, да ги наречеш луѓето во Платформата 12.05 за предавници на СДСМ и одработувачи на Мицкоски, е немерлива!”, напиша новинарот Љубиша Николовски на Фејсбук.

Николовски важи за новинар кој често ја критикува владата на ВМРО-ДПМНЕ, а некои го сметаат и за поддржувач на СДСМ.

„А обвинувањето дека Петар Арсовски ‘се продал за вечера’ – додава новинарот – е самоубиствен потег на прекинување на врските со сите релевантни аналитичари кои со децении се подметнуваат во јавниот простор во одбрана не на СДСМ, туку на социјал-демократската и либерална идеологија, додека повеќето од тие ‘структури’ на тесното партиско раководство дремеа во канцелариите на Бихаќка, чекајќи да фатат некое добро платено место во општеството!”

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK