Mицкоски со демант на шпекулациите на СДС и Левица: Еве да им олесни, да не се грижат, нема да се кандидирам за претседател на државата

Зборувам за сите глумци и политички партии кои едно зборат зад завеса, а друго прават пред завеса. Нема да се кандидирам за претседател на државата и кога ќе ми заврши мандатот претседател на Владата се враќам на факултет, изјави премиерот Христијан Мицкоски за да ја окуражи опозициската Левица да го гласа изборниот законик бидејќи како што рече предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа електронски го врзале со тоа дека намерата на Мицкоски била на претседателските избори во 2029 година да се кандидира за претседател на државата. Мицкоски им порача на СДСМ и на Левица дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати сите нивни барања за Изборниот законик освен барањето за дијаспората.

-Еве да им олеснам бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно на електронски начин од следните претседателски избори 2029 година, па јас ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил, еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата се враќам на факултет меѓу студентите. Еве да им олесни, да не се грижат, нема да се кандидирам за претседател на државата. Немам таква амбиција, ниту желба, само нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на електронски начин почнувајќи од следните претседателски избори. Зборувам за сите глумци и политички партии кои едно зборуваат зад завеса, а друго прават пред завеса – рече Мицкоски.

Црвена линија на ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик е дијаспората на следните претседателски избори во 2029 година да гласа електронски, потенцира премиерот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK