Уапсена професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

– Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително ќе го полагал на 29.06.2026 – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Преземени биле мерки во координација со Основното јавно обвинителство – Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Како што информираа од МВР, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

– Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK