Конечно на баба ѝ текна да ѕвони пред да даде пари – спречена измама во Крива Паланка

Скопјанец вчера бил приведен во Крива Паланка откако претходно се обидел да измами повозрасна жена барајќи ѝ сума од 35 илјади евра, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Четириесет и петгодишниот Н. Д. ѝ се јавил телефонски на жената и се претставил како лекар од Италија велејќи дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на ногата и вилицата. За да ѝ биде направена операција тој побарал 35 илјади евра. Жената бидејќи немала толку средства се договорила да му ги даде сите пари што ги има дома.

Во меѓувреме, таа се јавила на зет ѝ кој ја советувал да ја извести полицијата. Откако тоа го направила, полициски службеници го затекнале лицето во близина на нејзиниот дом и го лишиле од слобода.

Од МВР велат дека тој е задржан во полициска станица и оти по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK