Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка

Британскиот премиер Кир Стармер попушти под неиздржливиот притисок на јавноста и на сопствената Лабуристичка партија и официјално поднесе оставка од функцијата претседател на британската влада, пишува BBC.

Овој драматичен расплетот на настаните висеше во воздух со недели, а кулминираше откако на Стармер грбот му го свртеа и неговите најблиски соработници.

По неколкунеделни тешки внатрешни превирања, Стармер во придружба на својата сопруга излезе од резиденцијата на Даунинг стрит број 10, проследен со навивање и аплауз од присутните.

Како фаворит за негов наследник сега се наметнува Енди Барнам. Неговиот тим, според британските медиуми, се обидува да покаже дека има поддршка од голем број лабуристички пратеници за да се избегне долга и исцрпувачка трка за лидер.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK