Јагодите и малините се секогаш стартот на летниот период кој претстои, па затоа искористете ги во совршена комбинација од преубав десерт во кој ќе се заљубите.
Потребни состојки:
600 милилитри јогурт
120 грама шеќер во прав
1 ванилин шеќер
6 ленти желатин
400 шлаг пена милилитри
400-500 грама малини
Начин на подготовка:
Најпрво изматете ги јогуртот и шеќерот. Потоа, подгответе го желатинот според упатството и додајте го јогуртот во него. Почнете да матите, и полека додајте го и шлагот. На крај, во тавата во којашто ќе ја подготвите тортата, наредете ги малините, прелијте ги со добиената смеса и оставете ги да се оладат во фрижидер преку ноќ.