Виктор Стојанов се откажа да ги блокира граничните премини кон Македонија

Блокадата награнични премини меѓу Македонија и Бугарија, која беше најавена за во недела од бугарската Фондација Македонија, е откажана.

„Организаторите соопштија дека одлуката е донесена по разговори со бугарските институции и дипломатски претставници, со цел да се избегнат непотребни тензии и застои во сообраќајот. Според моменталните информации на 21 јуни не се очекуваат организирани блокади на граничните премини меѓу двете земји, а товарниот и патничкиот сообраќај треба да се одвива непречено“, соопшти Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ повикувајќи се на информации во бугарски медиуми.

Од Асоцијацијата им препорачуваат на превозниците и на граѓаните да продолжат да ги следат официјалните информации од надлежните институции за евентуални промени.

Како што објави порталот бта.бг, претседателот на Фондацијата Македонија Виктор Стојанов по апелот на бугарскиот амбасадор во Скопје Желазко Радуков, соопштил дека блокадата е отповикана.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK