ВМРО-ДПМНЕ со експлицитен одговор на прашањето на Дерала: Прославата чинеше колку еден викенд на Заев и Филипче во Дубаи на Харис Џиновиќ

Владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ вчера го прослави својот 36-ти роденден. Партијата својата 36 годишнина од постоењето го прослави на фудбалскиот стадион во Струмица при што на прославата присуствуваа околу 20 илјади граѓани.

Нормално и се би било во ред доколку на „сцена“ не се појавеа поро-опозициските портали, сакајќи на било кој начин да го оцрнат одбележувањето на најголемата македонска партија.

Имено, колегите од „Цивил медиа“ на Џавир Дерала, познат по во јавноста по блискоста со опозициската СДСМ, а пи претходно кога истата беше владејачка гарнитура од 2017 година се до 2024та и ги поддржуваше сите погубни политики на тогашната власт, поставија прашање до ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку чинела прославата на партијата за 36тиот роденден во Струмица.

Од паријата на Мицкоски експресно му одговорија, кратко и јасно: „Прославата чини колку на Заев и Филипче еден викенд во Дубаи со Харис Џиновиќ.“, стои во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на прашање испратено од Цивил медиа.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK