Дали Насер Зибери ќе биде нов народен правобранител?!
ТВ21 неофицијално дознава дека Насер Зибери ќе биде назначен за народен правобранител ма РСМ. Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.
Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер на земјава. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција по состанокот на партискиот совет на 19 август, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:
„Вие сите знаете дека г. Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“.