Филипче е современиот Коте од Руља, го кодоши Мицкоски кај Радев
На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата?,прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски.
Радев не е нов политичар, само е нов премиер на Бугарија, но сите добро ги знаеме неговите ставови поврзани со Македонија и македонскиот народ, јазик, идентитет, историја. Радев има кажано дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, што значи дека ни тој како премиер нема да се откаже од бугарските барања и од вета поврзани со националниот идентитет. И во таква ситуација, Венко одма побрза да му се допадне и да застане на негова страна.
Comments are closed.