ВИДЕО: „Шо праите бе другари“: На пет минути пред фајронт, Заев дојде на роденденот на СДСМ, Бранко не се појави

СДСМ вчера го одбележа 35-от роденден со свечена седница на Централниот одбор, на која присуствуваа актуелни и поранешни партиски функционери.

На пет минути пред завршница на свеченоста, откако веќе завршија сите говори и музичкиот дел од програмата, пристигна Зоран Заев и тоа беше прво јавно појавување на поранешниот премиер по подолг период.

Беше пречекан со аплауз од присутните, а дел од присутните го прегрнуваа и се фотографираа со него.

Кога ја здогледа Каја Шукова, се поздаври и рече „Шо праите бе, другари“.

На видеото може да се слушне како Заев се извинува за доцнењето, велејќи: „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тој филмот“.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK