Отровен воздух ги загрозува граѓаните по нападите врз рафинериите во Техеран, небото поцрне и паѓа отровен кисел дожд

Апокалиптични сцени се појавија над Техеран откако израелски ракети погодија повеќе нафтени постројки околу иранската престолнина. Густ црн чад го покри градот, а властите предупредија на опасност од „токсичен дожд“.

Речиси десет милиони жители на Техеран се разбудиле под густ црн чад, а извештаите од терен наведуваат дека дождовницата е измешана со нафта и саѓи.

Во серијата напади биле погодени најмалку пет рафинерии и складишта за нафта во Техеран и во покраината Алборз. Според локалните извештаи, загинале најмалку четири лица, а повеќе се повредени.

„Можно е да врне токсичен дожд кој може да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови“, ги предупреди жителите Иранската Црвена полумесечина.

Во соопштението се вели граѓаните на Техеран да не ги напуштаат домовите.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK